Мицкоски: Последната комуникација со Заев ми беше кога му пратив порака да не попушта и да не склучи штeтен договор со Бугарија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Па имавме една комуникација, кога се проструи во јавноста дека се преговара за спорот со нашиот источен сосед. Во таа комуникација, сега е непристојно јас детали да вадам, но генералната моја поента беше да не попушта на притисоците бидејќи македонскиот народ и македонската држава немаат веќе што да даваат, ниту пак што да губат. И дека тука сум јас, тука е и ВМРО-ДПМНЕ ако му треба поддршка во таа одбрана на македонскиот идентитет, дека му стоиме на располагање, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5 телевизија.

Мицкоски додаде дека за прашањето со источниот сосед ВМРО-ДПМНЕ и тој лично му стоеле на располагање само да не попушта во преговорите, Македонија веќе нема што да даде, не се потребни штетни договори.

-Деталите е непристојно да ги зборувам, но генерално тоа беше последната комуникација со Заев, нагласи Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This