Мицкоски пo пoвoд Paмaзaн Баjpaм: „Caмo aкo бидeмe cплoтeни ќe гo пoминeмe овa вpeмe нa пpeдизвици и сиpoмaштиja“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на опозициската партија Христијан Мицкоски упати честитка по повод муслиманскиот празник Рамазан Бајрам, истакнувајќи оти граѓаните мора да останат сплотени за да се надминат сите предизвици и тешки времиња во кои се наоѓаме. 

Во продолжение прочитајте ја неговата честитка:

„Дозволете во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани на Република Македонија од муслиманска вероисповед да им го честитам празникoт Рамазан Бајрам.

Нека празничните мигови Ви поминат во спокој и радост, со најискрени желби за добро здравје и просперитет на секој од вас и вашите семејства. Ова време на предизвици, сиромаштија и заеднички проблеми можеме да го надминеме ако бидеме сплотени и ако покажеме дека со разбирање, соработка и толеранција можеме да ги надминеме сите препреки исто како што низ векови наназад сме го правеле. Македонија да ја градиме камен по камен, тула по тула, како свој дом и да ја заштитиме од пропаста кон која ја носи актуелната власт.

Сите ние имаме одговорност да се грижиме за секој човек во тој дом да има просперитет и перспектива. Да ја градиме таа перспектива тука, да обезбедиме просперитет за нас и за нашите поколенија тука. Да бидеме солидарни еден со друг, но и посветени кон успехот, затоа што сечиј успех е предуслов за успех на Македонија“, се вели во честитката на Мицкоски. 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This