дома Актуелно Мицкоски: СДСМ на неколку наши пратеници им понуди пари и амнестии за...

Мицкоски: СДСМ на неколку наши пратеници им понуди пари и амнестии за да преминат кај нив

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Сител рече дека луѓе кои се претставувале во име на СДСМ им нуделе привилегии, пари и амнестии на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ за да преминат во нивната коалиција. Мицкоски рече дека таквите понуди биле одбиени.

Се згрозувам на тоа како на наши пратеници им приоѓаат луѓе кои се преставуваат во име на СДСМ, им нудат привилегии, пари, амнестии… Брутално згрозување. Тоа е иднината која ни ја нуди СДСМ. Лично ви кажувам дека неколкумина пратеници веќе имаат искуство и на кои им го нудат ова, и на крај им нудат и средба со раководството на СДСМ. Се разбира, тие обиди се брутално одбиени, рече Мицкоски.