Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва е во посета на Ресен каде се обрати пред присутните, а по тој повот објави и свој статус на Фејсбук.
Ресен градот на др. Татарчев, младиот гемиџија Трајков, и многу други личности кои своите животи ги посветија на ВМРО и каузата поради која постои оваа организација, а тоа е МАКЕДОНИЈА, стои во статусот на Мицкоски.
И така во периодот помеѓу две трибини на кои власта раскажува за европската иднина на Македонија, нереално разубавена со милионски скапата кампања, стигна шамарот кој ги враќа сите платени сонувачи од власта во болната реалност, капиталните инвестиции за цели 8 месеци оваа година изнесуваат алармантно ниски 23.3 осто. Доказ дека ништо не се работи. Заклучокот е едноставен: главна пречка да и тргне на Македонија не е името, туку оние кои сакаат да го сменат, оние кои не донесоа живот, а нема да донесат ниту иднина. Македонија е нашата судбина, и нашата иднина, а Македонија мора да победи, пишува во својот статус.