дома Социјални Мрежи Мицкоски со поддрша за семакедонскиот протест: Македонија не смее да ги заборави...

Мицкоски со поддрша за семакедонскиот протест: Македонија не смее да ги заборави своите синови

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, го поддржа семакедонскиот протест за правда за уставобранителите кој е најавен за недела во 11 часот.

„Правдата не смее да биде слепа. И еден ден во затвор на неправедно осуден е тежок како година. Македонија не смее да ги заборави своите синови. Слобода за уставобранителите и поддршка на општонародниот протест! Недела, 11:00 часот пред Влада“, напиша Мицкоски на Фејсбук.