дома Македонија МИЦКОСКИ СО ЧЕСТИТКА ДО МАРКО: Секоја чест дете, ти си нашата заедничка...

МИЦКОСКИ СО ЧЕСТИТКА ДО МАРКО: Секоја чест дете, ти си нашата заедничка гордост!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски му го честита успехот на 12-годишниот Марко Пејчиноски од Охрид, кој со препливувањето на Охридското Езеро стана национална гордост.
„Малиот по возраст, но голем по срце Марко Пејчиноски со препливањето на Охридското езеро покажа дека кога се има волја, нескршлив дух и посветеност, нема невозможни работи, нема граници и дека има надеж и примери кои треба да бидат следени. Секоја чест дете, ти си нашата заедничка гордост!“, пишува Мицкоски во честитката.