April 20, 2024, 12:45 pm

Мицкоски: Техничка Влада во февруари, избори во мај

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преку социјалните мрежи соопшти дека остануваат на идејата за предвремени парламентарни избори, но овој пат тој излезе и со конкретни датуми.

„Техничка Влада во февруари, избори во мај. СДСМ одамна нема кредибилитет да ја води државата“, пишува Мицкоски.

Идејата за предвремени парламентарни избори Мицкоски ја спомна и во четвртокот во дебатниот магазин „Click Plus“ на ТВ21, но одговорот од Власта е дека сега не е време за избори.

Инаку в среда премиерот Зоран Заев по годишниот говор на претседателот на државата Стево Пендаровски до Собранието и официјално ќе поднесе оставка.

Потоа ќе треба да следува избор на нова Влада со нов премиер, кој најверојатно ќе биде новиот лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски.

Доколку сепак власта и опозицијата се согласат за предвремени парламентарни избори, согласно договорот од Пржино потребно е да се формира техничка Влада 100 дена пред избори, а технички премиер според последните договори меѓу СДСМ и ДУИ би требало да биде Албанец.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This