дома Социјални Мрежи Мицкоски: Тешко на народот и на државата кога Заев држи лекции по...

Мицкоски: Тешко на народот и на државата кога Заев држи лекции по економија…

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на фејсбук ја коментираше изјавата на Заев дека на опозицијата до утре може да и држи лекции по економија.

Тешко на народот и на државата кога Zoran Zaev држи лекции. Од неговите економски лекции Македонија влезе во рецесија, а од историските лекции цела држава се држи за глава.

Во светот ни се смеат и нѐ жалат за неговиот “рајхТ” и “администрација”.

Сега време е Заев да научи една лекција: Колку побргу смени професија, толку подобро за граѓаните на Македонија. Неговите лекции се страдање за народот, едноставно цената на неговите лекции ги плаќаме прескапо.

Ако е од Заев премногу е. Ги видовме неговите лекции, време е да добие лекција од народот!, пишува на фејсбук Мицкоски.