дома Актуелно МИЦКОСКИ ЦВРСТ ВО СТАВОТ: Секогаш со гордост ќе стојам на македонската химна

МИЦКОСКИ ЦВРСТ ВО СТАВОТ: Секогаш со гордост ќе стојам на македонската химна

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ на интервју на Алфа телевизија истакна дека се заколнал и во Армијата на Република Македонија дека ќе го брани државниот интегритет и суверенитет, дал заклетва на таа химна, под таа химна функционирал и ќе продолжи да функционира и нема компромис за тие работи.

-За жал ние имаме премиер кој што е подготвен за таа функција да прави компромиси за се и сешто, како националната гордост, како што е химната за да не му направи проблеми на неговиот другар.

Тој вели дека граѓаните не се подготвени да го прифатат она погазување на националната гордост, препелкањето на Заев, доцнењето на авионот, па потоа на интервју да каже дека не сакал да му направи проблеми на гостинот од државата од каде што доаѓа.

-Заев прави компромис со националната гордост, тргува со националата гордост, со националното достоинство,што е недозволиво, а после ќе каже дека блескаме во светот во име на добрососедските односи, па чуму ни е нас нас пријател ако не не почитува, вели Мицкоски.