дома Македонија МИЦКОСКИ: Јас сум горд Македонец, придружете ми се на протестите пред Собранието!

МИЦКОСКИ: Јас сум горд Македонец, придружете ми се на протестите пред Собранието!

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски веќе се придружи на протестите кои во моментов се организираат пред Собранието. Тој од својот официјален Фејсбук профил ги повика граѓаните да му се придружат пред Собранието и заедно да го изразат својот револт против промената на името!

-Почитувани сограѓани,

Го пишувам ова како син, родител, педагог, професор, сосед и пријател.
Јас од денес ќе го користам моето демократско право мирно и достоинствено да протестирам против тоа што се случува внатре во Собранието, надвор, пред Собранието.

Ве повикувам да ни се придружите и да останеме достоинствени и честити какви што сме. Да не подлегнеме на провокации за евентуални насилни сценарија. Тоа и го должиме на неа, на татковината. Тука сме се школувале, растеле, радувале, тагувале, другарувале, љубеле и сонувале за достоинствено место за живот. За неа сме се бореле, војска служеле, буделе и заспивале, тука сме ги создавале нашите семејства… тука најверојатно ќе ја завршиме нашата животна приказна. Ова е најмалку што можам во овој момент за неа да направам, но можам да се обврзам дека ќе сторам се, тоа што некој сега го тргува безмилосно, да го повратиме.
Таа е мојата втора мајка, Македонија, а јас сум горд Македонец!

Македонија ќе победи, напиша Мицкоски.