дома Политика МИЦКОСКИ ЈА ОТКРИЛ КОАЛИЦИЈАТА НА МИЈАЛКОВ СО ЗОРАН И ВИЦЕ ЗАЕВИ: ВМРО-ДПМНЕ...

МИЦКОСКИ ЈА ОТКРИЛ КОАЛИЦИЈАТА НА МИЈАЛКОВ СО ЗОРАН И ВИЦЕ ЗАЕВИ: ВМРО-ДПМНЕ биле на чекор до предвремени избори, но на „црниот петок“ Мицкоски добил информации за делувањето на Мијалков

Централниот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, вечерва донесе одлука за разрешување на потпретседателот на партијата Митко Јанчев и членот на извршниот комитет Костадин Богданов. Во исто време, ЦК донела одлука да се побара од општинските комитети да ги исклучат Сашо Мијалков и Никола Тодоров. Економски Лидер ви открива ексклузивни детали од извор присутен на состанокот.

Како што дознаваме претседателот Христијан Мицкоски имал отворена дискусија на седницата на ЦК каде се осврнал на минатиот период на негова работа. Тој самиот ја предложил точката за организирање на вонреден конгрес , и истата била едногласно отфрлена од членовите на ЦК на тој начин потврдувајќи ја поддршката кон претседателот која беше потврдена со овации.

Мицкоски посочил дека партијата била на чекор кон остварување на целта за предвремени избори и спроведување на волјата на граѓаните изразена на референдум преку отфрлање на договорот со Грција во Парламентот, но истиот црн петок добил информации дека група предводена од Митко Јанчев, Сашо Мијалков и Никола Тодоров работат на убедување на пратеници за да гласаат спротивно на волјата на граѓаните. Тој со тоа почуствувал дека тие стуктури ја изневеруваат не само партијата туку и граѓаните доживувајќи огромно разочарување. Делови од овие структури биле во комуникација со Вице Заев и Зоран Заев дирекно одработувајќи за нивните интереси, што е еопросливо.

-Мицкоски посочи дека партијата останува на патот на Евроатланските интеграции и дека од ова ќе излезе посилна и пообединета, а кога ВМРО ДПМНЕ е силно тогаш и Македонија е силна. – вели нашиот извор.