Мицкоски ја прокоментира Алтернатива – прават грешka во чекopи: Kpиминалната коалиција на власт е единствената зakaна по земјата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Било какво учество на политичката партија Алтернатива во една ваква влада претставува погрешен чекор, но тоа останува на раководството и лидерот на таа партија, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска во Битола.

– Не сум во тек со содржината од разговорот меѓу Заев и Гаши. Нашиот став е јасен, оваа влада е најкорумпираната влада во изминатите 30 години и ја закова Македонија на дното според перцепцијата за криминал, односно е на врвот според степенот за криминал и корупција. Нашата држава е 111 и е најкорумпирана во Европа. Ние сме држава која има нејнеконкуренто образование поради катастрофалните реформи, состојбата во здравството е ужасна и како држава ние сме во првите три според бројот на лица што го загубиле својот живот заради неспособност на владата да се справи со ковид пандемијата. Катастрофата во енергетскиот сектор од 1-ви ќе ја почувствуваме и на сопствениот џеб, или да заклучам, било какво учество на политичката партија Алтернатива во една ваква влада претставува погрешен чекор, но тоа останува на раководството и лидерот на таа партија, и јас не сакам да се мешам во работењето на другите политички партии бидејќи тоа е политички некултурно – изјави Мицкоски.

Катастрофална, тоа сум го кажал, катастрофална, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа, како тој ја оценува досегашната работа на институциите во насока на расветлување на автобуската несреќа на автопатот „Струма“ во Бугарија во која трагично животот го загубија 45 македонски граѓани.

– Гледаме дека ниту имаме било каква најава за некаква морална одговорност од некого, туку напротив, гледаме препелкање по медиумите, од една институција се префрла на друга, па се префрла на трета. Наместо резолутни чекори да се преземат, нешто што не се превзема со несреќата во тетовската модуларна болница, кога за жал, трагично животот го загубија 14 пациенти истото сега се случува со овие 45 трагично загубени човечки животи во оваа несреќа на магистралата „Струма“ кај нашиот источен сосед – истакна Мицкоски.

Тој во Битола го претстави најновиот проект на својата партија, „Отворено со граѓаните – создаваме нова иднина“ којшто е дел од столбот на неприкосновена борба со криминалот и корупцијата.

– Ќе работи тим кој ќе го сочинуваат професионалци и експерти, луѓе и од партијата, но од граѓанскиот сектор, каде што граѓаните ќе можат отворено да пријават доколку постои било каква злоупотреба на нивното право од страна на општинската администрација во оние општини во кои се разбира ВМРО-ДПМНЕ има мнозинство во советот и градоначалник. Но, истовремено ќе пријават свое задоволство и незадоволство и ќе ја следат реализацијата на програмата со којашто излеговме на овие локални избори за да можеме и ние како раководство и јас лично да го следиме она што сме го ветувале за време на кампањата. Затоа што не е само да ветите, туку и тоа што ќе го ветите треба да го испорачате, а тоа што го испорачувате треба да го испорачате чесно и достоинствено, затоа што граѓаните тоа го очекуваат од нас. Преку глава им е од батиња, татиња и слични злоупотреби кои се случуваа изминативе 4 па и повеќе години – изјави Муцкоски.

Лидерот на опозицијата посочи дека се работи за вртење на нов лист, кога е во прашање функционирањето на општинската администрација. Тој се осврна и на актуелните политички теми, говорејќи за наводната безбедносна закана во земјава.

– Единствена безбедносна закана за државата и граѓаните претставува криминалната коалиција на СДСМ и ДУИ, а се друго е манипулација и сеење страв помеѓу граѓаните, одговори Мицкоски, на новинарско прашање во врска со изјавите на владини функционери дека ако сега не се реши прашањето со Бугарија ќе има можен безбедносен проблем за државата.

– Тоа го слушнав од еден соработник на Зоран Заев во владата, вицепремиер кој повторно се заканува со милитантни изјави дека ќе имало безбедносни проблеми. Сакам да ги успокојам граѓаните дека такви проблеми ќе нема. Единствена безбедносна закана за државата претставува криминалната коалиција помеѓу СДСМ и ДУИ, која што за жал придонесе да 45 луѓе ја доживеат онаа стравотна несреќа, 14 луѓе живи да горат во модуларната болница во Тетово, повеќе од 7.000 луѓе да го загубат својот живот поради неспособноста во справувањето со ковид пандемијата – рече Мицкоски.

Мицкоски вели дека сето тоа ни се случува поради широко распространетата корупција, односно трулиот систем и политичкото мочуриште кое е резултат на оваа нелегитимна, криминална коалиција СДСМ и ДУИ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This