дома Македонија Мицкоски: Aкo ce тoлкy cигypни дeкa пoбeдyвaaт, зoштo пoткyпyвaaт?

Мицкоски: Aкo ce тoлкy cигypни дeкa пoбeдyвaaт, зoштo пoткyпyвaaт?

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во дебатен магазин на ТВ 21 каде меѓу другото, го искоментира и поткупот за кој партијата обвини дека се случува во Битола.

– На терен се случува брутален поткуп еднаков на тој минатата година. Еве денеска можам да кажам во вашата емисија како партија реагираме, брутално двајца советници се фатени во едно маало познато Баир во Битола како вршат поткуп на населението таму. И пазете ги идентификувавме кои се, тие се дел од Советничката листа на СДСМ.

-Тие не го негираат делото, туку велат пријавивме бидејќи сме незаконски снимани. Мислам каде живееме луѓе, истакна Мицкоски.