Мицкоски: “Ceкaдe имa Koвид, нo кaj нac ocвeн Koвид ни се cлyчи и Заев, а тoa знaчи kaтacтpoфa нa квaдpaт”

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Навистина постојат многу предизвици на модерното време. Земји се среќаваат со природни катастрофи, земјотреси, болести и зарази. Светот се соочува со КОВИД-19 пандемијата и на тоа не смееме да делуваме отсутни од реалноста, но во Македонија освен ова пандемија ни се случи Зоран Заев што би се рекло катастрофа на квадрат, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протест со автомобили кој партијата го организираше во Скопје.

Тој меѓудругото додаде:

Бројките кажуваат дека 9 месеци откако се појави оваа пандемија во земјата владата буквално не научи ниту една лекција, не презема ниту една реална и навремена мерка. Се фрлија на поткуп и картички додека неспособноста катадневно се плаќа со човечки животи. Бројката од 2000 заболени која ја прогнозираат на почетокот дека ќе биде вкупна бројка на заразени со која ќе помине земјава, ни се случува за помалку од една недела. Додека светот работи на вакцина Заев и политичката мафија работат на носење на закон без да има мерки за граѓаните, туку регулира надлежности и политики. И сега има разлика го нема веќе ниту Наќе или Гордана да бидат виновни, затоа што Спасовски нели молчи пред дискотеките блиски до власта во Скопје и Струмица, па одново и одново смислуваат смешни изговори за сопствената неспособност. Главното прашање е зошто има огромна смртност меѓу заразените со Ковид вирусот, одговорот е затоа што немаме луѓе кои што навремено ќе донесат вистински мерки. Затоа што овие во Владата се удрија на тендери и грабеж, затоа што имаме над 800 починати од зараза, но и најмалку дупло од ова кои умираат поради тоа што здравствениот систем е управуван од овие политички, мафијашки е блокиран и не добиваат навремена здравствена заштита. Затоа што луѓето побрзо ќе фатат корона отколку да добијат упат за преглед во државната болница, изјави лидерот на ВМРО ДПМНЕ на денешниот протест кој го организираше партијата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This