дома Македонија Мицкоски: Heма договop со 3aeв зашто не пpaвам компpoмис co неговиот kpиминал

Мицкоски: Heма договop со 3aeв зашто не пpaвам компpoмис co неговиот kpиминал

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во денешното гостување во „Студио 10“ на ТВ 24 истакна дека не постои никаков договор со Заев затоа што тој и ВМРО-ДПМНЕ не прават компромис со криминалот.

– Јас сум единствениот којшто се бори против криминалот и секој друг разговор е второстепен. Кај мене за тоа нема компромис, ниту ќе има, ниту некогаш ќе правам компромис на таа тема. Затоа не можеме да се договориме. Кога ќе апсолвираме дека секој ќе одговара за стореното, доколку има основани сомневања, тогаш можеме да седнеме и да разговараме за сите други политики, потенцираше Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, во тој контекст го даде примерот со прислушувањето на обвинителите за кое никој не знаат до каде е истрагата, ниту се споделени информации веќе подолг период.

– Дали се сеќавате дека излезе јавниот обвинител и кажа дека се снимани обвинители и судии, тогаш министерот за внатрешни работи кој подоцна стана и технички премиер рече дека разговорите се на безбедно и има истрага, а знаеме ли до каде е таа истрага. Тие луѓе не обвинуваат или судат со намера или без намера, нагласи Мицкоски.