дома Политика Мицкоски: Maфијата во Македонија има своја држава, бараме предвремени избори

Мицкоски: Maфијата во Македонија има своја држава, бараме предвремени избори

Имаме една состојба каде што нема државата своја мафија, туку мафијата има своја држава. Затоа луѓето ја изгубија довербата во системот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во „Само вистина“ на Канал 5 телевизија додавајќи дека граѓаните имаат изгубено доверба во системот, а државата оди во провалија бидејќи со неа владеат најкриминални и најкорумпирани и затоа потребни се предвремени избори и ресетирање на системот.
– Довербата во институциите е загубена и не постои бидејќи не владее правото, туку владеат криминалци. Еве во тек од едно деноноќие изгореа автомобил на обвините, бараки ја јавно претпријатие од Град Скопје и ако е точна информацијата опожарено возило на претседател на комора за енергетика, рече Мицкоски.
Мицкоски истакна дека треба граѓаните да ги извлечеме од оваа летаргија и да ја вратиме довербата во институциите.
– Огромно мнозинство од граѓаните живеат лош, живот, луѓето се разочарани демотивирани. Во институциите владее недисциплина, нема кој да дојде со стратегија и визија и затоа ни е потребно да го ресетираме системот и да почнеме од почеток. Вака не оди, одиме во слободен пад и провалија. Во овие луѓе нема капацитет, резултатите говорат, најкорумпирани и најкриминални, најлошо со ковид кризата, катастрофа во образование, изјави Мицкоски.
Мицкоски ја повика власта да се охрабри и да излезе на избори, бидејќи државата повеќе не смее да тоне. Според него на предвремени избори ВМРО-ДПМНЕ ќе победи со 15-20 пратеници разлика.