дома Политика Мицкocки до 3aeв: Дo тoa дepeџe ли дojде да ми пpeтcкaжyваш cмpт...

Мицкocки до 3aeв: Дo тoa дepeџe ли дojде да ми пpeтcкaжyваш cмpт пpeку Tpичковcки?

Идеологот на политиките на Зоран Заев, поранешниот новинар Бранко Тричковски, своите некрофилните потреби повторно ги задоволува преку повикување на смртта на Христијан Мицкоски.

Пораката на Тричковски, која веројатно треба да претставува поема, ја сподели на фејсбук и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, кој му порача на, според него, нарачателот Зоран Заев дека ваквите пораки не го плашат, туку го прават помотивиран.

Ах бре Заев, до тоа дереџе дојде работава да ми праќаш пораки преку неформалниот гласноговорник Тричковски. Покрај тоа што секој ден преку прескапо платените алатки се шират невистини, клевети кон мене, сега дури претскажуваат смрт.

Ама тоа мене не само што не ме плаши, туку ме прави уште помотивиран да истраам со народот во заедничката борба и фактот дека сме на правиот пат на рушење на оваа мафија.

Туку покрај оваа дневна доза мотивација, што правиме со Лидија Димова? Таа тренираше магариња со илјадници евра и сè уште е директор!, пишува Мицкоски на Фејсбук.