дома Актуелно Mиjaлkoв гo бapaaт дoma, пo aвтomoбили, и вo „Mepиoт“

Mиjaлkoв гo бapaaт дoma, пo aвтomoбили, и вo „Mepиoт“

Полицијата се уште го проверува домот на екс-директорот на УБК Сашо Мијалков, откако, попладнево беше распишана потерница по него бидејќи не се јавил на издржување на куќен притвор.

Во неговиот дом на Водно, се уште има присутни неколку десетици полициски службеници, а претрес правеа и екипи со кучиња.

Неофицијално, по Мијалков се трага и во хотелот „Мериот“ каде бил и забележан последен пат, поточно во кафулето „Дистркит“ кое се наоѓа во склоп на хотелот. Се проверуваат и автомобилите на автопатот кон Србија и Косово.

Автомобили се проверуваат и во главниот град.