дома Македонија МИЈАЛКОВ НЕМАШЕ ШТО ДА ГО ПРАША: Не му постави никакво прашање...

МИЈАЛКОВ НЕМАШЕ ШТО ДА ГО ПРАША: Не му постави никакво прашање на Верушевски за „бomбите“

На денешното рочиште за случајот „Таргет и Тврдина“ одбраната требаше вкрстено да го испрашува сведокот Зоран Верушевски, но тие се откажаа од ваквото право.

-Немаме прашања, му се обрати обвинетиот Сашо Мијалков на судот.

Обвинителката Ленче Ристеска претходно побара од судот да постави дополнителни прашања на сведокот Верушевски, но судот го одби ваквото барање. Откако одбраната се откажа од своето право да испрашува, обвинителката Ристеска повторно побара да го испрашуваат сведокот, на што одбраната се спротистави, но судот го прифати барањето.

Судењето е во тек.

Извор: fokus.mk