дома Занимливости Млада милионерка бара момче и не сака пари: „Нудам 70.000 евра за...

Млада милионерка бара момче и не сака пари: „Нудам 70.000 евра за тој што е подготвен да биде со мене“

Дваесет и три годишната Џејн Парк е милионерка од Велика Британија која на 17 години освоила милион фунти на лотарија и така станала позната.

Иако секојдневно ужива во скапи работи и луксузни патувања, изгледа дека ѝ потребна поголема среќа за љубов, па нуди 60.000 фунти годишно (нешто помалку од 70.000 евра) на своето идно момче, односно било кој кој сака да биде со неа.

Тврди дека откако добила пари на лотарија нема среќа во љубовта бидејќи не знае дали некој сака да биде со неа затоа што е богата или навистина му се допаѓа, па затоа се одлучила за оваа необична понуда, бидејќи барем ќе има отворен договор.

Не сакала да открие уште колку пари ѝ имаат останато, но вели дека конфорно живее, а намногу сака да троши на модни додатоци, естетски зафати и скапи патувања.