дома Македонија Младите во Шведска стануваат независни на 18, во Македонија над 30 години….

Младите во Шведска стануваат независни на 18, во Македонија над 30 години….

Mother unimpressed with her daughter

Според податоците на Евростат, младите во Македонија и во речиси сите земји во регионот го нaпуштаат домот на своите родители со над 30 години.

Покрај Македонија, ова се однесува и на Србија, Црна Гора и Турција, со тоа што младите во оваа земја го напуштаат домот на своите родители на возраст од 27,5 години.

Во Mакедонија младите стануваат независни на возраст од 31,8 години, во Црна Гора со 33,1, во Србија со 31,1 и во Турција со 27,5 години.

За Босна и Херцеговина нема податоци, но се претпоставува дека таа е на ниво на просекот на земјите од Западен Балкан.

Според податоците на Евростат, младите најрано го напуштаат домот на своите родители во Шведска, на неполни 18 години возраст, а во Хрватска стануваат независни со наполнети 32 години.