дома Хроника Младо момче тешко повредено – излетал од автопатот Гостивар-Тетово

Младо момче тешко повредено – излетал од автопатот Гостивар-Тетово

На 08.12.2021 во 12.00 часот во СВР Тетово било пријавено дека на автопатот Гостивар-Тетово, кај клучка „Жеровјане“, патничко возило „фолксваген голф“, со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.Р.(22) од с.Доброште, излетало надвор од коловозот.

Во несреќата возачот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Клиничката болница во Тетово.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Тетово.