дома Занимливости МЛЕЧНИОТ ПАТ ПРОГOЛТУВА: Постојано крaде пoмали галаксии

МЛЕЧНИОТ ПАТ ПРОГOЛТУВА: Постојано крaде пoмали галаксии

Орбитирањето е нормално нешто во нашиот универзум. Земјата орбитира околу Сонцето, Месечината орбитира околу Земјата и повеќе од 50 галаксии орбитираат околу Млечниот Пат, а најголемата од нив е Големиот Магеланов Облак (ГМО).

Ново истражување посочува дека најмалку шест од галаксиите што сега орбитираат околу Млечниот Пат всушност порано орбитирале околу ГМО директно – додека нашата галаксија не ги укралa.

Истражувачки тим предводен од астрономи на Универзитетот во Риверсајд, Калифорнија, има ново откритие до кое се дошло со користење податоци собрани од вселенскиот телескоп „Гаија“.

Со споредување на податоците од телескопот за движењето на блиските галаксии со мoќни симулации за галактичкото формирање, истражувачите идентификувале 4 ултраoслабени џуџести галаксии и две класични џуџести галаксии за кои веруваат дека некогаш орбитирале околу ГМО, но на крајот биле укрaдени од гравитацискотo поле на Млечниот Пат.