Млaдa дeвojкa пo гpeшкa пpимилa шecт дoзи oд вakцинaтa нa „Фajзep“ – еве во кaквa cocтojбa ce нaoѓa

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Една 23-годишна Италијанка била под надзор во болница во Тоскана откако по грешка примила шест дози вакцина на Фајзер/БиоНТек, објави денеска агенцијата АГИ.

Девојката била во добра состојба откако примила течности и парацетамол по инјекцијата во неделата.

Наместо да инјектира само една доза во раката на студентката, медицинска сестра по грешка и го вбризгала целото шишенце, што е еквивалентно на шест дози.

Претходни студии за испитување на предозирање со вакцината на Фајзер беа ограничени на четири дози, пишува АГИ. Инцидентот бил пријавен кај италијанскиот регулатор на лекови.

Предозирања со вакцината на Фајзер/БиоНТек претходно беа пријавени во САД, Австралија, Германија и Израел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This