ММФ: Глобалната регулација на криптовалутите треба да биде сеопфатна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Глобалната регулација на криптовалутите треба да биде сеопфатна, конзистентна и координирана, соопшти во четвртокот Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), јавува Агенција Анадолија.

Истакнувајќи дека криптосредствата и придружните производи и услуги рапидно се зголемија во последниве години, меѓународната финансиска институција рече дека меѓусебните врски со регулираниот финансиски систем се зголемуваат.

„Креаторите на политиките се борат да ги следат ризиците од овој сектор што се развива, во кој многу активности се нерегулирани. Всушност, мислиме дека овие ризици за финансиската стабилност наскоро би можеле да станат системски во некои земји“, стои во извештајот.

„Некоординираните регулаторни мерки може да го олеснат потенцијално дестабилизирачкиот тек на капиталот.“

ММФ истакнува дека предизвици на криптопазарот, вклучително идентификација, следење, ризици за оперативниот и финансискиот интегритет, несоодветни резерви и обелоденување на невистини за некои стабилни монети.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This