дома Локално МНОГУ ЛОШО ПОМИНА: Професорка се обиде да ги запре прилепските гимназијалци да...

МНОГУ ЛОШО ПОМИНА: Професорка се обиде да ги запре прилепските гимназијалци да одат на протести

Со свирежи и скандирања „Проклети да се предавниците“ беше дочекана професорка во прилепската гимназија која се обиде да ги спречи учениците да протестираат пред училиштето за време на наставата. Насобраните пееја патриотски песни и вееја македонски знамиња.

Ова е трет ден по ред како ученици во гимназијата „Мирче Ацев“ излегуваат за време на наставата и протестираат против намерите за воведување двојазичност на територијата на целата држава. Сепак, во јавноста има реакции што малолетни ученици се вклучуваат во протестите и тоа за време на настава.

Деновиве се појави и снимка на која се слуша гласот на директорот на ова училиште, кој во дебата со учениците ги убедува зошто треба да се протестира против платформата на албанските партии, потпишана во Тирана.