дома Занимливости „МНОГУ СПЕЦИЈАЛНИ ДЕНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА“: Ромео на гости во домот на Калиопи

„МНОГУ СПЕЦИЈАЛНИ ДЕНОВИ ВО МАКЕДОНИЈА“: Ромео на гости во домот на Калиопи

Таа е најдобра во својата професија, а тој најдобар во својата област, а некогаш заедно беа најдобри во брачниот живот.

Калиопи важи за една од најдобрите македонски вокали кај нас, а нејзините песни се хитови кои ќе останат засекогаш и кај идните генерации.

А кога Опи твори и создава музика тоа го прави со веќе добро проверниот тим,односно нејзиниот продуцент Ромео Грил.

Грил има направено неколку песни за македонската пејачка кои се безвpeменски хитови, а не се coмневаме дека така ќе биде и со новата песна или албум.

Неколку пати досега Калиопи истакна дека со Ромео одлично се coгласува и дека тој знае да и ги направи најдобрите песни.

Деновиве Опи на социјалните мрежи сподели фотографија од неа и Ромео во нејзиниот дом и напиша:

„Многу специјални и креативни денови во Македонија, со мојот продуцент Ромео Грил“ напиша Калиопи.

Дали Опи ќе ги израдува фановите со некоја нова песна и се „kpчка“ нешто ново останува да видиме, а кога се тие во прашање како тим веруваме дека нема да има утка.

За потсетување, Калиопи беше во брак со Ромео со кого го има синот Грил.