дома Македонија МНР ИНФОРМИРА: Македонските превозници кои се заглавени на границите ќе бидат вратени...

МНР ИНФОРМИРА: Македонските превозници кои се заглавени на границите ќе бидат вратени во Македонија

Министерството за надворешни работи информира дека по добиената информација за повеќемина зaглавени македонски автопревозници на италијанско-словенечката граница, поради нејзино затворање од страна на словенечките власти, преку своите дипломатско – конзуларни претставништва во Љубљана и Загреб, стапи во контакт со надлежните власти на релевантните држави со цел нeпречен премин до матичната држава.

„По успешните дипломатски напори, информираме дека е овозможен транзитен камионски транспорт со полициска придружба преку словенечка територија, до крајната дестинација, Република Македонија“, информираат од МНР.

Воедно, Министерството за надворешни работи изразува благодарност на словенечките и хрватските колеги за брзата реакција и обезбедувањето на конвојот на нивна територија.