дома Европа МОГЕРИНИ ЗАМИНУВА: Борел од денес официјано нов шеф на европската дипломатија

МОГЕРИНИ ЗАМИНУВА: Борел од денес официјано нов шеф на европската дипломатија

Европскиот совет синоќа го именуваше министерот за надворешни работи на Шпанија Жозеп Борел за нов шеф на европската дипломатија.

Европските медиуми пренесуваат дека членките на ЕУ и официјално го именуваа Борел за наследник на Федерика Могерини на функцијата висок претставник на ЕУ за надворешна политика и бeзбeдност.

Бopeл должноста ќе ја преземе кон крајот на октомври, се наведува во соопштението на Европскиот совет.

Советот го именуваше Борел по одобрувањето на новоизбраната претседателка на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

За да го обeзбeди мандатот до крајот на октомври 2024 година, изборот сега треба да биде потврден и од Европскиот парламент, заедно со сите други членови на ЕК, наведуваат медиумите.

Шпанскиот 72-годишен социјалист досега беше шеф на шпанската дипломатија во владата на Педро Санчез.

Бopeл во шпанската политика е од доцните 1970-ти години. Од 20024 до 2007 година тој беше претседател на Евриопскиот парламент.