дома Свет МОГЕРИНИ ОСТАНУВА ВО ИГРА?: Федерика Могерини на местото на Јоханес Хан ?

МОГЕРИНИ ОСТАНУВА ВО ИГРА?: Федерика Могерини на местото на Јоханес Хан ?

Дали досегашната шефица за надворешна политика на ЕУ , Федерика Могерини ќе го наследи еврокомесарот за соседска политика и проширување , Јоханес Хан?


Според неофицијални информации Могерини е на списокот на потенцијални имиња за составот на новата Европска Комисија , што претседателката Урсула ван Дер Лајен ќе го соопшти на почетокот на следната недела.

Според опциите за кандидат се споменуваат Унгарец, Словенец или Белгијанец,како и Могерини.

Во можните опции се именуваниот комесар од Словенија, Јанез Ленарчиќ и поранешниот белгиски министер за надворешни работи, Диди Рејндерс.

Будимпешта би сакала свој претставник за еврокомесар за проширување преку својата позиција дека сака да види забрзан процес на пристапување на Западниот Балкан во ЕУ.

Има шпекулации и за реизбор на сегашниот комесар за преговори за проширување, Јоханес Хан.

Во Брисел, ова го коментираат како „не е невозможно, но неверојатно“.