дома Здравје „Модерна“: Eфикacнocтa нa нaшaтa вakцинa e 94,5 oтcтo и мoжe дa ce...

„Модерна“: Eфикacнocтa нa нaшaтa вakцинa e 94,5 oтcтo и мoжe дa ce чyвa нa 8 Цeлзиycoви cтeпeни

Фармацевтската компанија „Модерна“ денеска објави дека ефикасноста на нејзината експериментална вакцина против коронавирусот е 94,5 проценти, а информациите се базираат на последната фаза од клиничкото тестирање.

Ова е втора американска компанија што соопшти дека развила вакцина со висока ефикасност против ковид-19 за само седум дена. Претходно „Фајзер“ информира дека ефикасноста на нивната вакцина е нешто повеќе од 90 проценти.

Освен ефикасноста, друга важна работа што се издвојува кај вакцината на „Модерена“ е дека не бара чување на екстремно ниски температури, туку е стабилна на температури од два до осум степени за период од 30 дена и може да се чува на температура од минус 20 во период од шест месеци.

Вакцината на „Фајзер“ мора да се чува на минус 70 степени целзиусови, додека руската „Спутник V“, која е ефикасна 92 процента, може да се чува на минус 18 Целзиусови степени.

„Модерна“ дојде до овие резултати врз основа на тестирање на 30.000 волонтери, а се чека уште американското регулаторно тело за здравство да дозволи употреба на вакцините.