дома КОВИД-19 (Коронавирус) Моди: Индија ќе пpoизвeдe yштe пoвeќe вakцини

Моди: Индија ќе пpoизвeдe yштe пoвeќe вakцини

Индискиот премиер Нарендра Моди изјави денеска дека во таа земја ќе бидат произведени повеќе вакцини против Ковид-19, бидејќи Њу Делхи се обидува да ги спаси животите на луѓето во другите држави со извоз на лекови и вакцини.

Моди истакна дека досега се објавени само две вакцини произведени во Индија, но најави дека наскоро ќе бидат достапни уште повеќе вакцини.

– Индија во овој период на криза од самиот почеток ги исполни одговорностите на светско ниво, поставувајќи ја инфраструктурата за вакцинација, нагласи индискиот премиер на состанокот на Светскиот економски форум.