March 28, 2024, 10:38 pm

Модуларната болница во Штип се крева со вонредна брзина

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Модуларна болница во штипската Клиничка болница се крева со забрзани рокови. Нејзиното пуштање во употреба наредниот месец за пациентите заразени со коронавирусот, на кои им треба болнички третман ќе ги одмрзне и европските пари за реконструкцијата на зградата на Инфективното одделение. По пуштањето во употреба  во 80 тите години на минатиот век во неа наредната година ќе има посериозни градежни зафати.

Првата фаза од реконструкција со пари од фондовите ан ЕУ чини околу 200.000 евра, фирмата е избрана и во март требаше да почне со реконструкцијата, но пандемијата изминатите 10 месеци не дозволи да се реализира проектов.

Ова ќе биде шанса болничките соби да имаат и централен довод за кислород, наместо да се користат тешките боци со кислород.

Во меѓувреме штипскиот Ковид центар го зголеми и бројот на болнички кревети, со адаптирањето на одделот за Анестезиологија за тешките пациенти.

Ѓеорѓиев најави дека по завршувањето на изборите во Штип, наредните денови ќе се распише и конкурс за вработување на 17 лица, одобрен од министерствата пред изборите за градоначалник.

Ќе се вработуваат медицински сестри, физиотерапевти, болничари и еден стоматолог. Огласот не предвидува прием на лекари.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This