дома Балкан МОЖНА Е НОВА ВОЈНА НА ПРОСТОРОТ НА ЕКС-ЈУГОСЛАВИЈА: Екс-претседтелот на Европскиот совет...

МОЖНА Е НОВА ВОЈНА НА ПРОСТОРОТ НА ЕКС-ЈУГОСЛАВИЈА: Екс-претседтелот на Европскиот совет со мрачни предвидувања

Поранешниот претседател на Европскиот Совет, Херман Ван Ромпој во емисија на Франс 24 предупредува дека се можни немири во регионот од поранешна Југославија без интеграција во ЕУ.

Херман Ван Ромпој, поранешен премиер на Белгија и претходник на Донал Туск во Европскиот Совет, во интервју за француската ТВ Франс 24, запрашан за отпорот на западните земји членки кон проширувањето и препораката на Европската Комисија да се отворат преговори за членство со Македонија и Албанија, одговори:

-Одамна се зборува за “замор“, но, знаете, станува збор за мир на Западниот Балкан. Европската Унија е мировен проект и доколку земјите од поранешна Југославија не станат дел од европското семејство, на еден или друг начин, некои како членки, други преку придружни договори, тогаш граѓанска војна може повторно да избие во тие земји.