дома Македонија МОЛБА ДО СИТЕ 7 ЧЛЕНА НА ДОМ: Масакар на дрвја на Баба...

МОЛБА ДО СИТЕ 7 ЧЛЕНА НА ДОМ: Масакар на дрвја на Баба планина, битолчани бараат реакција од владеачката ДОМ на Лилјана Поповска

Голем број дрвја исечени на Баба планина, битолчани бараат коментар од Владата, поточно од партијата ДОМ, која што е дел од владејачкото мнозинство.

Баба планина… Се молат сите 7 членови на политичката партија ДОМ од Битола да прокоментираат нешто во врска со оваа слика, пишува на Фејсбук страната Битолски факти.

Овој бес на граѓаните е дојден поради тоа што овие дрвја се исечени, а во коалиција со владејачката партија е ДОМ, партија која важи за зелена, која треба да се грижи за здравата животна средина, но откако е на власт СДСМ од зелената партија владее молк.

Зелената партија молчеше и кога Владата реши да го укине денот на дрвото, акција со која се пошумуваше територијата на Македонија, акција која ја преземаа и други држави како од регионот, така и пошироко, но од Владата на СДСМ беше прекината.

ДОМ молчат и за големиот број диви депонии, од кои некој се и во непосредна близина на центарот на Скопје, депонии кои претставуваат константна опасност по животот на луѓето, но од зелената партија која е дел од владејачката гарнитура на СДСМ само молк и ништо друго.