Вчера во 14:30 часот во ПС Карпош од Итна медицинска помош е пријавено дека во Скопје на улица „Љубљанска“, во објект во изградба имало починато лице.
Починатиот при изведување на градежни работи во објект во изградба додека ја командувал дигалката од 5-ти кон 1-ви кат се здобил со струен удар и починал.
Телото на починатиот е предадено на обдукција.