МОН го чecтитa Мeѓyнapoдниoт дeн нa млaди нayчнички: Coздaвaме oбpaзoвaниe кoe ги paзвивa пoтeнциjaлитe нa cитe yчeници

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за образование и наука го честита Меѓународниот ден на девојките и жените научници – 11 февруари и се приклучува кон неговото глобално одбележување. Соопшти дека неговите главни заложби и приоритети се да создаде образование преку кое секое дете ќе ги достигне својот полн потенцијал и ќе ги развива своите афинитети и кое ќе ја јакне родовата еднаквост и мултикултурализмот.

– Токму затоа со понудената концепција првпат во фокусот на образованиот систем се ставаат учениците кои ќе имаат право на избор на она што најмногу сакаат да го учат. Нашата основна и единствена цел е на секое девојче и момче да им обезбедиме квалитетно основно образование коешто е базата за понатамошен интелектуален и личен развој, информира МОН.

Наведува дека  реализира повеќе активности со кои се вреднува и стимулира трудот и постигнатите резултати на талентираните ученици во земјава и дека ќе продолжи и во иднина да креира нови и да ги унапредува постојните политики за поддршка на овие ученици. Целта е да се овозможи целосно остварување на нивниот потенцијал и стимулација за вложување на сопствените знаења и способности во развојот на нашата држава.

– Освен што талентираните ученици на предлог на одделенски наставник односно одделенски раководител, а со одлука на Наставнички совет може да напредуваат и забрзано, но најмногу до двапати за време на школувањето да преминат во наредно одделение, за учениците со натпросечна интелигенција се организираат и додатни активности, односно следуваат дополнителни бенефиции. На пример, се организира дополнителна групна или индивидуална настава за надарени и талентирани ученици, а законите предвидуваат советот на наставници да изготвува посебна програма за работа со талентирани ученици. Учениците се подготвуваат за учество на натпревари од страна наставници ментори, посочува МОН во соопштението.

Потсетува и дека од оваа учебна 2020/2021 година е отворена Математичко-информатичката гимназија во Скопје како специјализирано училиште каде што по посебни програми учат талентирани ученици од областа на математиката, физиката и информатиката.

Министерството за образование и наука наведува и дека секоја година доделува стипендии за талентирани ученици од средните училишта – одделно по 100 стипендии за талентирани ученици спортисти и 100 стипендии за талентирани ученици во други области. Месечниот износ е 2.970 денари и се исплаќа за девет месеци во годината.

-Дополнително, МОН доделува и еднократен паричен надомест за ученици кои ќе освојат прво место на државен натпревар по кој било предмет организиран од акредитирано здружение на наставници (износот е 50 отсто од просечната нето-плата во земјата), како и еднократни парични надоместоци за освоено прво, второ или трето место на меѓународен натпревар по математика и природни науки (50%, 40% односно 30% од просечната нето-плата во земјата, зависно од освоеното место). Исто така, се доделува и месечен паричен надомест за освоен медал на меѓународна научна олимпијада (12 месеци во годината по 12.000 денари за освоен златен медал, 10.000 за сребрен и 8.000 денари за бронзен медал), соопштува Министерството.

Учениците кои ќе освојат прво место на државниот натпревар – Лидер на струка (натпревар помеѓу ученици од средни стручни училишта), исто така добиваат еднократен паричен надомест во висина од 50 проценти од просечната плата.

Во изминатиот период, посочува МОН, учениците почесто се вклучуваат и во програмите на Фондот за иновации, како и програми креирани во соработка со меѓународни партнери и организации, како што е UPSHIFT-програмата создадена во соработка со УНИЦЕФ, каде се поддржува нивната креативност и се стимулира заложбата за напредок. – Младите се дел од целиот тој процес преку новоформираната група МОН-млади преку која даваат свој придонес во дефинирањето на новите мерки и активности, наведува Министерство за образование и наука во честитката на Меѓународниот ден на млади научнички.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This