МОН: Договори за ученички и студентски стипендии ќе може да се доставуваат и утре

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Сите ученици и студенти кои се нови добитници на стипендија, односно ова право го имаат остварено на конкурсите за доделување стипендии за учебната/академската 2021-2022 година, ќе може и утре (сабота, 27 ноември 2021), од 9 до 16 часот, да ги доставуваат потребните документи во писарницата на Министерството за образование и наука.

– Согласно наведените информации при објавата на резултатите од конкурсите, сите апликанти чии пријави се прифатени и се наоѓаат на листите со добитници на стипендија, имаат обврска од веб-страницата на МОН да го симнат соодветниот договор, да го пополнат во три примероци и заедно со копија од лична трансакциска сметка да го достават до министерството, соопшти МОН.

Министерството на својата веб-страница претходно ги објави резултатите од конкурсите за ученичките и за студентските стипендии, каде што се наведени и информации и инструкции за добитниците во врска со поднесувањето на договорите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This