дома Свет МОСКВА: Путин ќе се обрати пред Федералниот парламент кон крајот на февруари

МОСКВА: Путин ќе се обрати пред Федералниот парламент кон крајот на февруари

Рускиот претседател Владимир Путин планира кон крајот на месецов да одржи годишно обраќање пред Федералното собрание.

Путин претходниот говор пред Федералното собрание го одржа на 1 март минатата година.

Оваа традиција ја воспостави некогашниот претседател на Русија, Борис Елцин, кој првпат пред Парламентот се обрати во 1994 година.

Путин досега одржа 14 такви говори, а Дмитриј Медведев, кој пред премиерската функција беше претседател, четири пати се обрати пред Федералниот парламент.