дома Хроника МОТОЦИКЛИСТ ПРЕГАЗИ ПЕШАК ВО КИСЕЛА ВОДА: Од силниот удар пешакот летнал во...

МОТОЦИКЛИСТ ПРЕГАЗИ ПЕШАК ВО КИСЕЛА ВОДА: Од силниот удар пешакот летнал во воздух и паднал во несвест

Несреќа се случи предмалку во скопската населба Кисела Вода. Мотоциклист удри пешак на паркинг на улицата Огњан Прица бр. 1 во населбата Кисела Вода.

-Од силниот удар пешакот летнал во воздух и паднал во несвест, пишува Нова Македонија.

Пешакот со иницијали Н.П. бил пренесен во ГОБ „Св. Наум Охридски“, информираат од МВР, но засега нема детали за неговата здравствена состојба.

Дел од медиумите објавуваат дека пешакот е тешко повреден и во животна опасност.