дома Занимливости МОЈАТА КУКЛА, ЈА CAКАМ ДО МЕCEЧИНАТА И HAЗАД: Кочовска горда на внуката...

МОЈАТА КУКЛА, ЈА CAКАМ ДО МЕCEЧИНАТА И HAЗАД: Кочовска горда на внуката Нела (

Мојата кукла. Ја сакам до месечината и назад, напиша познатата пејачка Лидија Кочовска под фотографијата со нејзината внука која ја објави на „Фејсбук“.

Нела е ќерка на актерите Тања Кочовска и Предраг Павловски кои од бракот кој трае речиси две и пол децении го имаат и синот Александар. За разлика од синот кој заврши факултет за туризам, Нела тргна по стапките на своите родители и е студент на ФДУ.

– Тие се деца кои се израснати со двајца актери, а актерскиот живот не е баш едноставен. Тоа се деца кои никогаш не ми повишиле тон и се благодарни на се што сме им дале во животот. Не дека некогаш не знаат да изненадат. Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца – изјави Тања за своите деца во претходно интервју за Женски магазин.

Имено, Тања Кочовска и Предраг Павловски се во брак кој „бил склопен“ од прво видување, а трае веќе 23 години. Шармантната актерска но и брачна двојка и покрај својата духовитост и непосредност, ретко споделуваат приватни моменти од својот живот, на социјалните мрежи.

Оние најблиските и оние што добро ги познаваат знаат дека Тања од првиот брак со исто така актерот Владимир Ендровски – Љац го има синот Александар, додека од бракот со Предраг ја имаат ќерката Нела.

Нела има 23 години и тргна по стапките на своите родители, па таа е студент на ФДУ. Александар има 28 години и завршил факултет за туризам.

Се чувствувам многу горда мајка со добро воспитани деца“ – ќе изјави Тања за своите деца во едно неодамнешно интервју за македонските портали.