дома Занимливости МОЌТА И СОВРШЕНСТВОТО НА ПРИРОДАТА – “ПЛАНИНСКО ОКО”!

МОЌТА И СОВРШЕНСТВОТО НА ПРИРОДАТА – “ПЛАНИНСКО ОКО”!

Дека природата „прави чуда“, потврдува и фотографијата на албанскиот биолог Арбен Палуши.

Во овие студени јануарски денови, кога многу населени места во северниот дел на земјата се завеани во снег и заковани во мраз, природата „со своја рака“ создаде планинско око, наведуваат албанските медиуми, пренесувајќи ја фотографијата на Палуши.

Природната убавина, Палуши ја овековечил при престојот во реонот на кањонот Шеја во близина на селото Бицај, кај северниот албански град Кукс.