дома Македонија МПЦ ДЕMAHТИPA: МПЦ не добила писмо од СПЦ за продолжување на дијалогот

МПЦ ДЕMAHТИPA: МПЦ не добила писмо од СПЦ за продолжување на дијалогот

Македонската православна црква Охридска Архиепископија сеуште не го примила писмото од Српската Православна црква за продолжување на дијалогот, пренесе Канал5.

Сепак МПЦ-ОА не би испорачала одговор одма и да го допбијат писмото-покана. Прво ќе заседава Синодот кон средината на јуни велат за Канал 5 високи црковни извори, а и ќе се чека на одговорот од Вселенската патријаршија која пред две недели информира дека барањето од МПЦ-ОА и од Македонската влада за решавање на статусот на црквата го ставила на разгледување. Во меѓувреме со написи по медиумите Српската црква продолжува да го тестира пулсот на македонските владици.

По одлуката на Саборот за продолжување на дијалогот, денешното издание на Вечерње Новости пишува дека СПЦ подготвува стратегија за релативно брзо продолжување на замрзнатиот дијалог со МПЦ. Она што СПЦ, би го ставила како приоритет во преговорите под услов да дојде до нив, тоа би бил статусот на ПОА на Вранишковски која СПЦ ја има за своја епархија во земјава. Па така во текстот во Вечерње Новости се објавува дел од стратегијата на преговорите која ја заговара СПЦ а би се одвивала етапно.

– Тој пристапен квалификационен дел на можните постепени преговори е пожелен и упатен, независно колку би бил болен, бидејќи со евентуалното приклучување на МПЦ кон ПОА, би се обезбедил неопходниот канониски услов за стекнување на претходната автономија, со барање за автокефалност. Доколку таа ,, прва етапа“ од обновените преговори би била задоволена реални се очекувањата барањето за статусно решение на самостојноста на МПЦ да биде брзо разгледан во СПЦ. Евентуална резервна солуција би можело да биде подготвена и во пакет со трилатералните разговори меѓу претставници на СПЦ, ПОА и на МПЦ-ОА и за таков пресврт ќе се чека и одговорот од Вселенска патријаршија на писмената реакција на СПЦ. – откриваат дел од преговарачката стратегија на СПЦ неименувани извори на Вечерње Новости.
Последното замрзнување на дијалогот меѓу МПЦ и СПЦ поради одлуката на СПЦ да не го продолжи истиот веројатно очекувајќи нашата страна да е во пат позиција, Македонската Православна црква побара излезно решение преку барањето за мајчинство пред Вселенската Патријаршија од Бугарската Православна Црква. По барањето од БПЦ до Вселенската Патријаршија да дозволи да е црква мајка, Вселенската Патријаршија почна директна процедура за решавање на статусот на МПЦ-ОА.