дома Македонија МПЦ-ОА ГО АНГАЖИРАШЕ АДВОКАТОТ НА ЗАЕВ ЗА ПРАВЕН ЗАСТАПНИК: Бизнис партнерот на...

МПЦ-ОА ГО АНГАЖИРАШЕ АДВОКАТОТ НА ЗАЕВ ЗА ПРАВЕН ЗАСТАПНИК: Бизнис партнерот на Заеви стана и адвокат на г.г. Стефан и МПЦ!

Струмичкиот адвокат Ване Андреев, кој важи за близок пријател на братот на Зоран Заев, Вице доби и полномошно да ги застапува интересите на МПЦ-ОА во правниот промет во државата

 

Ване Андреев инаку важи за близок пријател на семејството Заеви, со кои е во блиска бизнис релација. Андреев се спомнува како бизнис партнер на Вице Заев во намерата за изградба на стамбен комплекс во Скопје на парцела во општина Аеродром во близина на млинот на „Жито Лукс“ на бул. Србија.

Андреев е и адвокат на Зоран Заев.

Неодамна тој добил и ополномоштување да ги застапува интересите на МПЦ-ОА во правниот промет, а непосредно по избивање на скандалот со намерата за изградба на облакодери во центарот на градот, на парцелата на постојниот паркинг простор спроти хотелот „Холидеј Ин“.