дома Религија МПЦ-ОА ГО СООПШТИ СТАВОТ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ: Духовните водачи со ист став како...

МПЦ-ОА ГО СООПШТИ СТАВОТ ЗА РЕФЕРЕНДУМОТ: Духовните водачи со ист став како ВМРО-ДПМНЕ за претстојниот референдум!

Синодот на Македонската православна црква донесе исти став како и најголемата опозициска партија ВМРО ДПМНЕ пред претстојниот Референдум – пренесе порталот „Религија.мк“

Македонските владици, посветиле должно внимание на актуелната состојба, но одлучиле дека граѓаните се доволно зрели за да сами донесат одлука по сопствено убедување.

-Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква – Охридска архиепископија ја изразува својата доверба во политичката зрелост на граѓаните на Република Македонија, кои на претстојниот референдум, слободно и по свое сопствено уверување ќе го остварат своето демократско право на избор, стои во соопштението на Синодот на МПЦ-ОА