дома Актуелно МРАЧНОТО МИНАТО НА НОВАТА ДИРЕКТОРКА НА ЦИА: Џина Хаспел поврзана со грозоморни...

МРАЧНОТО МИНАТО НА НОВАТА ДИРЕКТОРКА НА ЦИА: Џина Хаспел поврзана со грозоморни случаи на мачење на затвореници

За новата директорка на ЦИА Џина Хаспел врзани се низа на скандали за мачење на осомничени за тероризам во текот на 2002. година, пишува „Њујорк Тајмс“

Хаспел го надгледувала мачењето на двајца осомничени терористи, а подоцна наредила и уништување на видео-снимки со кои било документирано бруталното мачење во тајниот затвор во Тајланд.

Поголем дел во кариерата го поминала како таен агент, а била и клучен учесник на програмата за „специјална испорака“, според која се фатените милитанти се предавани на странски влади и држени на тајни локации, каде ги мачеле припадници на ЦИА, пишува „Њујорк тајмс“.

Џина Хаспел управуваше со првиот прекуокеански затвор на ЦИА во Тајланд, каде се мачени Абу Зубајдах и Абд ел Рахим ел Нашири.

Според пишувањето на „Тајмс“, Зубадајх е мачен со техниката „вотербординг“ (метода на симулирање на давење со преливање со вода) 83 пати за време на еден месец, а главата му е удирана од ѕид, за потоа истражителите да заклучат дека тој сепак нема никаки корисни информации.

Мачењето е снимено со камера, а снимките се сочувани на безбедна локација во Тајланд, каде пристигнало наредба за нивно уништување. Наредбата за уништување е дадена директно поврзана со Џина Хаспел.