April 19, 2024, 10:41 pm

Мршите од заразените визони излегуваат на површина во Данска

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Милиони визони ќе бидат откопани од масовните гробници во Данска откако некои од мршите се појавиле на површината од земјата, предизвикувајќи поплаки од жителите за можни здравствени ризици, соопшти вчера данската Влада.

На почетокот на ноември властите во оваа земја одлучија да се уништи целата популација на визиони, од околу 17 милиони единки, кои се наменети за врвната модна индустрија, откако беше откриено дека стотици фарми имаат коронавирус, а властите пронајдоа мутирани видови на вирусот и меѓу луѓето.

Но, од четири милиони визони, кои набрзина беа закопани во воена област во западна Данска, некои наскоро почнаа да „излегуваат“ од песокливото тло поради гасовите во процесот на распаѓање.

Властите тврдат дека не постои ризик од ширење на вирусот од гробниците, но жителите се пожалија на потенцијалниот ризик од загадување на водата за пиење и за капење во езерото што се наоѓа на помалку од 200 метри од масовните гробници.

Данска беше најголем извозник на визони за луксузните модни брендови, а побарувачката за нивното крзно беше голема и поради високите стандарди за одгледување.

Владата денеска доби поддршка во парламентот за ископ на трупови, се наведува во соопштението од Министерството за храна и земјоделство.

Министерството соопшти дека откопувањата ќе почнат дури во мај следната година, кога ќе се елиминира ризикот од контаминација на мртвите животни од Ковид-19.

Животните, планирано е, да се превезат со камиони до блискиот отпад, каде ќе бидат согорени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This