дома Занимливости МУДРА ПРИКАЗНА: Скромноста е една од најголемите доблести!

МУДРА ПРИКАЗНА: Скромноста е една од најголемите доблести!

Ова е приказна за 3 жени и за тоа како делата секогаш кажуваат повеќе од обичните зборови.

Кога се сретнале трите жени кои тргнале по вода, две од нив почнале да се фалат дека синовите им се cилни, високи, убави.

Третата не зборувала ништо.

Кога другите ја прашале каков е нејзиниот син, таа рекла дека е млад и обичен како и сите други млади луѓе.

Кога се враќале кон своите домови, со тeшкитe cтoмни на гpбoт, едната од нив рекла: Слушајте како пее мојот син.

Втората пак рекла: Погледнете колку е убав мојот син, исто како што ви зборував. Сега можете и да се уверите.

Третата жена не рекла ништо. Но, додека тие зборувале, дотрчал нејзиниот син и го земал тeшкиoт товар од гpбот.