дома Uncategorized Музички хепенинг ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска во 13 часот кај Школка

Музички хепенинг ЗА ЗАЕДНИЧКА МАКЕДОНИЈА денеска во 13 часот кај Школка

Со музички хепенинг на Школка, во Градскиот парк во Скопје во 13 часот граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и денеска ќе испрати порака за унитарна Македонија.

Ве повикуваат на мирен протест и најавуваат многу музика, млади и позитивна енергија бидејќи како што велат така се сака Македонија.

„За заедничка Македонија“ ги поканува сите слободни граѓани на Р. Македонија да излезат и да дадат свој придонес за зачувување на татковината.