МУКОСКИ ДО ЈАНЕВА: Би требало да се извините или да си дадете оставка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На денешното продолжение на седницата на Комисијата за политички систем каде се разгледува Извештајот за работата на СЈО, можноста прв да и се обрати на Катица Јанева ја имаше пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Крсто Мукоски.

krsto-mukoski

Тој на почетокот се осврна на начинот на досегашното однесување кон Собранието како институција и давањето на одговори на прашањата од пратениците.

-Вие ни покажавте овие два дена дека не треба да бидете овде во овие клупи или самите би требало да се извините или да си дадете оставка. Зошто? Сега ќе ви кажам, почна Мукоски.

Пратеникот потоа се осврна и на содржината на одговорите кои изминативе два дена Катица Јанева ги дава на прашањата поставени од пратениците. Тој во таа насока на Јанева и образложи неколку факти и аргументи и директно и детално и ги образложи сите забелешки кои ги имаше тој околу начинот на однесување на Јанева во Собранието.

-Прво, вие не го признавте легитимитетот на ова Собрание. Значи тука си дадовте гол со пета. Самите се изнегиравте себе си. Второ, вие тука јасно и гласно, да не речам и дрско, лажевте пред сите овие пратеници што ве избраа и пред целата јавност. Првиот ден кажавте дека воопшто во тие 12 % преслушани материјали никаде не сте го слушнале Зоран Заев. Вториот ден, кажавте дека сте го слушнале Зоран Заев ама дека тие снимки не биле важни и не биле важни за вашето работење. Го лажевте ова Собрание. Трето, направивте класична злоупотреба на вашата службена должност.  Во текот на вчерашниот ден, јавно без да ви биде дозволено, се заканивте на еден наш колега пратеник и притоа искажавте работи кои што не ви се допуштени со ниту еден закон. Г-ѓо, тоа не ви е дозволено ! Јавно се заканивте на Антонио Милошоски. Четврто, вас никој не ви го дал правото да кажете дека тука, пред нас, нема да дадете финансиски извештај. Вчера во една прилика јасно и гласно кажавте дека нема да доставите извештај за тоа каде ги трошите парите бидејќи ние ви ги изгласавме тие 4 милиони евра кои ги трошите. Затоа, ние сакаме пред јавноста да слушнеме подетално каде и за што ги трошите парите. Мора да доставите извештај по ставки, бидејќи недостига од тие 4 милиони недостига извештај и евиденција за тоа како се потрошени неверојатни 1 милион и околу 250 илјади евра. Напротив, во целиот овој извештај од 15 страни, вие на 6 страни се задржувате само на тоа како вие сте немале услови за работа. Пази богати, што би рекол народот“, заврши Крсто Мукоски од ВМРО-ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This